1. Менаџерска агенција
Спортс Менаџмент Консалтинг како менаџерска агенција во областа на фудбалот, има за цел да ги штити интересите на своите клиенти. Застапувањето во нашата агенција значи правна заштита и правен консалтинг на клиентот, маркетинг промоција на клиентот за времетраење на договорот и советување и грижа за својот клиент.
2. Правен консултант
Спортс Менаџмент Консалтинг како агенција за услуги во спортот, нуди правна заштита на своите клиенти фудбалери, тренери и клубови. Ние им нудиме правна помош и совет на нашите клиенти при потпишување на договори. Нашата правна помош се состои во познавање на фудбалските регулативи на ФИФА и искуство при потпишување на секаков вид на договори во фудбалот.
3. Маркетинг агенција за фудбалери, тренери и клубови
Спортс Менаџмент Консалтинг како маркетинг агенција за промоција во фудбалот е достапна за сите фудбалери, тренери и клубови. Клиентите што ќе се промовираат во нашата маркетинг агенција ќе добијат маркетинг промоција на нашите платформи кои се следени од многу клубови и фудбалски агенти низ целиот свет. Нашата цел е преку нашите платформи, клиентите да бидат промовирани, презентирани и следени во светот на фудбалот.




