


Наша визија
Кога почнав со проектот Спортс Менаџмент Консалтинг, за мене беше многу важно агенцијата да биде идентификувана со мојата личност, филозофија и менталитет – агенција која ќе биде базирана на главните вредности – чесност, напорна работа, амбиција, посветеност – агенција која што ќе му овозможи на играчот да расте и се развива од спортски и човечки аспект.
Наша филозофија
Нашата филозофија е базирана на повеќе важни фактори за развојот на една фудбалска кариера. Фудбалот денес не е исти како порано. Фудбалот евалуира со големи чекори во секој поглед. Талентот не е доволен. На фудбалерот му е потребен добар тим околу. На фудбалерот му е потребен добар советник, добар правен консултант, добар финансиски консултант, добра маркетинг агенција и на крај секако добар пријател. На фудбалерот му треба некој што ќе го штити неговиот интерес.
Наш менталитет
Нашиот менталитет е базиран на чесноста како главна вредност. Ние ги учиме нашите клиенти дека напорната работа, чесноста и професионализмот се најважни за развојот на нивните кариери. Ние сме овде само да им помогнеме и да ги заштитиме давајќи им најдобра консултантска помош. Останатото зависи од фудбалерите. Ние сме една фамилија. Заедно сме посилни.



Copyright © 2018 | SPORTS MC. Elco M | веб дизајн | веб хостинг | Elco M